Категории

Мрачните тајни на вашиот партнер за кои всушност и не сакате да дознаете

А првото прашање е дали вие воопшто би сакале да го знаете она кое ни тој не сака да ви го каже, дали сте подготвени за таква врста на искреност затоа што може да биде повредувачка и разочарувачка.

Тоа се оние нешта за кои вашиот партнер не ви зборува затоа што едноставно не сака да зборува за нештата на кои не е горд и сака да го остави минатото зад себе. За сето тоа постојат добри причини но вистината е таа дека вашиот партнер нема да сака да ви го открие она кое го прикажува во лошо светло затоа што не знае како ќе реагирате.
А првото прашање е дали вие воопшто би сакале да го знаете она кое ни тој не сака да ви го каже, дали сте подготвени за таква врста на искреност затоа што може да биде повредувачка и разочарувачка.

Љубовните приказни од минатото
Тоа можеби ве копка и сакате да знаете но истовремено не сакате да ја знаете баш целата вистина. Всушност она што вие сакате да го чуете е дека сте вие неговата најголема љубов, дека сте најдобри во кревет и дека со никого не му било поубаво отколку со вас.
Но што ако тој не може да ви го каже тоа? Што ако некоја друга била подобра од вас или била неговата најголема љубов? Дали бил позаљубен и полуд и позанесен со неа и посакува повторно да се чувствува така. Дали би биле во состојба да го поднесете тоа?

Лоши навики
Во еден период од својот живот не се трезнел или се дрогирал а тоа можеби е период на неговата најголема љубов, можеби со неа поминал низ многу нешта или таа го извлекла од депресијата или го турнала уште подлабоко. Тој некако излегол од сето тоа и тоа е негова голема победа, се совладал себеси, А можеби вие сте наишле во вистинскиот миг во неговиот живот и поради тоа се обидува да ги надмине своите најлоши навики. Тоа е нешто кое секако би ги вклучило сите аларми и би предизвикало загриженост кај вас. Но исто така нему му е потребно сето тоа да го направи сам и сам да управува со својот живот и доволно му е што сте покрај него а тоа го охрабрува иако не ви зборува отворено.

Проблеми со законот
Тој можеби има досие, ситен криминал или дрога, неколку месеци условна слобода, или затвор. Да, тоа е доста проблематично и сигурно би го гледале со други очи кога би откриле тоа. Но ако навистина го променил начинот на живот ќе ви го каже тоа и самиот кога ќе процени дека е вистинско врее. Таквите признанија се болни и разочарувачки кога ќе ги чуете и ќе чувствувате дека вашиот партнер ве издадол.

Односот со родителите
Во оваа грмучка најчесто се крие секој зајак на емотивните односи – емоционалната недостапност, посесивност и љубомора, погрешната претстава за љубовта и очекувањата од партнерите. Проблематичниот однос со еден од родителите или двајцата, недостатокот на љубов и поддршка, премногу строгото патријархално или религиозно воспитување, насилство во семејството, историја на наследни болестии. Порано или подоцна ќе сакате да го избркате тој зајак за да можете полесно да ги сфатите некои нешта. Кога ќе е вистинско време веројатно тој ќе ви зборува за сето тоа отворено, но не треба да копате по таа тема затоа што е особено чувствителна и тој самиот треба да реши кога ќе зборува за неа.

Прегледи:
273
Објавено на:
24.06.2020