Категории

Мудри мисли од Леонардо да Винчи кои ќе ве натераат да размислите

Леонардо да Винчи бил познат италијански ренесансен архитект, пронаоѓач, сликар.. Зад себе има оставено многу мудри изреки,а дел од нив можете да прочитате во продолжение:

1. Едноставноста е најголемата софистицираност.

2. Природата никогаш не ги прекршува своите закони.

3. Учењето никогаш не може да го исцрпи разумот.

4. Водата е движечка сила во природата.

5. Големата љубов се раѓа од големото познавање на саканата личност, ако малку се познава тогаш и љубовта ќе биде мала.

6. Нема вистина во тие науки во кои не се применува математиката.

7. Солзите доаѓаат од срцето, а не од мозокот.

8. Таму каде што има голема галама- нема вистинско знаење.

9. Ништо не го зголемува авторитетот како тишината.

10. Кој правилно оди- ретко паѓа.

11. Мудроста е ќерка на искуството.

12. Праксата секогаш мора да биде градена врз добра теорија.

13. Така како што храброста го загрозува животот- стравот го штити.

14. Тој кој не го цени животот не го ни заслужува.