Мудри мисли од Платон за љубовта, животот и човечкото однесување

Платон е познат грчки филозоф и еден од најинтелигентните студенти на Сократ. Како млад, Платон студирал ликовна уметност, пишувал поеми, сѐ додека не го запознал Сократ. Тогаш одлучил дека сака да се занимава со филозифија, а сакал да се обиде и во политиката. Подоцна, кога Сократ бил осуден на смртна казна, се откажал од политиката, патувал и научил сѐ за филозофијата, науката, математиката и религијата.

Учењето на Платон докажува дека однесувањето на луѓето не се променило многу од пред 2.500 години. Ова се најмудрите мисли на Платон за љубовта, животот и човечкото однесување.

„Најголемото богатство е да си задоволен со малку.“

„Секое срце пее некомплетна песна, сѐ додека не му се придружи друго срце. Тие кои сакаат да пејат секогаш наоѓаат песна. Со допирот на саканиот, секој станува поет.“

„Не терајте го детето да учи со сила или строгост, туку насочете го со тоа што го возбудува неговиот ум, за подобро и поточно да ја откриеш генијалноста свиена во секое од нив.“

„Мудриот човек зборува бидејќи има што да каже, будалата зборува бидејќи мора да каже нешто.“

„Лесно може да му простиме на детето кое се плаши од темнина, вистинската трагедија во животот е кога човекот се плаши од светлината.“

„Цената која добриот човек ја плаќа поради својата индиферентност на јавните скандали е наредувањето од страна на злобниот човек.“
„Никогаш не го обесхрабрувајте оној кој напредува, без разлика колку полека го прави тоа.“
„На добрите луѓе не им се потребни закони за да се однесуваат одговорно, додека лошите луѓе секогаш ќе пронајдат начин да ги избегнат законите.“
„Ако се очекува од жените да ја извршуваат истата работа како и мажите, тогаш треба да ги научиме истите работи.“
„Вистината е во виното и во децата.“
„Човечкото однесување произлегува од три главни извори: желба, емоција и знаење.“
„Убавината се наоѓа во окото на набљудувачот.“
„Добрите дела ни даваат сила и ги инспирираат другите да прават добри дела.“
„Лажните зборови не се само зло сами по себе, туку ги инфицираат и душите со зло.“



Коментари

[fbcomments]