Категории

Мурињо е нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Португалскиот тренер Жозе Мурињо од денеска и официјално е менаџер на Манчестер Јунајтед.

По отказот што му беше врачен на претходниот менаџер Луис ван Гал, неколку дена имаше преговори со Жозе Мурињо пред се за финализирање на договорот бидејќи од претходно беше најавено дека Мурињо ќе биде новиот менаџер.

„Специјалниот“ како што го нарекуваат Мурињо од декември 2015 година е без работа откако доби отказ во Челзи.

– Тоа што станав менаџер на Манчестер Јунајтед за мене претставува посебна чест. Манчестер Јунајтед е светски познат и почитуван клуб. Од секогаш имав симпатии кон „Олд Трафолд“ бидејќи таму имам доживеано многу убави моменти од мојата кариера, а имам и посебна почит кон навивачите на клубот, изјави Мурињо на претставувањето.

53-годишниот Мурињо со Манчестер Јунајтед потпиша тригодишен договор.

 

Прегледи:
6
Категории:
Спорт · Фудбал