На 13. и 14. април ќе се одржи првиот фестивал за детска литература и илустрација

Живееме во време кога дигиталната технологија ги замени детските книги, па поради тоа Скопје има голема потреба од овој фестивал.

-Нашата идеја не е само да се промовираат најновите изданија за деца туку и да се поттикне дебата за значењето на литературата и илустрацијата во правилниот креативен и интелектуален развој на нашите деца. Токму затоа одлучивме да не организираме класичен саем на книга, туку фестивал кој ќе понуди  шаренило од интересни и корисни содржини и за децата, но и за возрасните, велат организаторите на  „Литера 2019“.

Во рамките на двата фестивалски дена ќе се одржат повеќе креативни работилници за деца, менторирани од авторите Билјана Црвенковска, Елизабета Баковска, Маја Веселиновиќ, Ана Кадоиќ и Катерина Тери Николовска. Посетителите на „Литера“ ќе може да ја најдат и новата книга на Ване Костуранов „Девојче и мече“. Во рамките на фестивалот ќе се одржи и ретроспектива на македонската илустрација до 1990 година. Публиката ќе има ретка можност да погледне дел од илустрацијата кои ги красеа списанијата на нашето детство „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш Свет“.

Третата изложба е на графички дела изработени од деца за децата од Богданци.

Настанот е од отворен карактер и е бесплатен за сите посетители. За повеќе информации погледнете ја програмата на официјалната веб страна https://literafestival.com/.




Коментари

коментари