На 18 и 19 април бидете дел од базарот на ракотворби под мотото Easter Fair(y) Tale на Креативна Македонија

Институтот за развој на креативниот и иновативниот потенцијал на млади и возрасни луѓе “КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА”, организира базар на ракотворби под мотото Easter Fair(y) Tale на 18 и 19 април на ул. Македонија (платото пред Спомен Куќата на Мајка Тереза) од 10:00 до 18:00 часот.


Базарот е овозможен од Општина Центар, а спонзори се Radio Fortuna 96.8fm и Среќа Мк /
Srekja Mk.

Easter Fair(y) Tale е можност ракотворците да преточат парче од својата душа преку уникатните и со љубов направени дела во една Велигденска бајка наменета за сите генерации, која ќе донесе радост и шаренило во сечие срце и дом.

Креативна Македонија Ве поканува да ги посетите и со Вашето присуство придонесете за остварување на оваа бајка.




Коментари

коментари