На 22. октомври ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“ во НОБ

Во вторник, 22 октомври, 2019 година со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.




Коментари

коментари