На 25.05.2019 година во Котур ќе се одржи настанот под наслов Eat Smart Talks – Јади паметно! 

На 25.05.2019 година во Котур од 12 до 15 часот ќе се одржи настанот под наслов Eat Smart Talks – Јади паметно! 

Здравата исхрана претставува неисцрпна тема, за која треба што почесто да се дискутира за да се посочат придобивките од неа како за здравјето на целиот организам, така и за енергијата која ја црпиме преку неа. Целта на овој настан е да се зголеми свеста за здравата исхрана, да се разменат информации, да се дегустираат вкусни работи.
Гости на настанот се: Д-р. Александар Митов, М-р нутриционист Фани Гулевска, food blogger Весна Ѓурковска – Каеска и food blogger Кирил Каракаш. Бидете и вие дел од овој настан и научете како да јадете паметно! Вашето присуство потврдете го на мејлот ellie.angelovska@gmail.com.



Коментари

коментари