Категории

На 29. јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста на скопските улици ќе се одржи на 29 јуни, соопшти Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија, денеска на прес конференција. Точната локација, маршрута и време ќе бидат дополнително соопштени.

Со оваа најава Ирена Цветковиќ ја отвори денешната прес конференција, истакнувајќи ја важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТ заедницата.

Антонио Михајлов ја нагласи потребата од што е можно поголема поддршка и активно учество од сите чинители: политичари, јавни личности, активисти, уметници на Парадата на гордоста, солидаризирајќи се со ЛГБТИ луѓето. Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн.