На 31. август ќе се одржи „Хуманитарна праскијада 2019“ во Градскиот Парк

Целта на првата хуманитарна „Праскијада 2019“ е да се обезбедат 20.000 оброци за социјално загрозените граѓани.

„Во Скопје, на 31-ви август, сабота, во Градски парк, со почеток во 10 ч, ќе го организираме првиот ваков настан, кој се надеваме дека ќе прерасне во една убава традиција. На настанот преку музика, забава за најмладите и добра храна ќе се собираат средства. Угостителските објекти, меѓу кои најголем е „Мериот“, ќе подготват џемови, торти, салати, сокови, во кои главна состојка ќе биде праската. Секој од посетителите ќе може да купи нешто и на тој начин да придонесе за собирање на потребните средства, а за возврат секој од нив ќе добие картичка за благодарност за направеното хумано дело. Овој настан се организира со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Во 2018 година започнавме да го развива системот кој ја спасува добрата храна, па наместо да се фрла, ја пренасочуваме кон оние на кои им е најпотребна. Големи количини на квалитетна храна со возило се превзема од различни бизниси, и се носи во центри за бездомници, народни кујни, и слично. Ова го правиме во соработка со повеќе од 20 големи компании од индустријата за храна и над 30 партнерски граѓански организации.

Целта на нашата организација е значително да го намалиме бројот на гладни граѓани, околу 460.000 во Македонија, кои не може да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, како и да станеме земја во која добрата храна не се фрла“, велат организаторите на овој хуман настан.




Коментари

коментари