Категории

На 4. јули ќе се одржи триесеттото јубилејно Бизнис Кафе Македонија

На 4.7.2018. година во 19 часот во Ciao Caffe & Lounge Bar ќе се одржи јубилејното 30-то Бизнис Кафе Македонија.

Секој изминат настан привлекува голем интерес и внимание кај посетителите, а овој пат гости на јубилејното Бизнис Кафе ќе бидат: Кирил Лазаров, најдобриот македонски спортист и капитен на македонската ракометна репрезентација, Мислав Галер, извршниот директор на ВИП Македонија и Горан Павичевиќ, CEO на Sport Life.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, кои во опуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат едно кафе и вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

Поради голем интерес за 30 – то Јубилејно Бизнис Кафе Македонија бројот на карти е ограничен, побрзајте обезбедете си го своето место на настанот, кој не смеете да го пропуштите!

Билети по цена од 300 денари може да се купи
-online: www.kupikartizase.mk
– На фактура пратете маил на: [email protected] или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).