На 6. јуни на Школка вежбајте за себе со PowerHouse Pilates, во чест на Ирина!

Неповторливата Ирина Митевска, причината поради која голем дел од женската популација се вљубија во пилатесот, е првиот инструктор по пилатес кај нас со професионална подготовка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Таа по професионалниот ангажман во МОБ како балерина, одлучи да отвори првото специјализирано пилатес-студио во 2002 година – PowerHouse Pilates. Оттогаш таа отвори три специјализирани студија на три локации во градот, кои што секојдневно се посетени од голем број љубители на оваа дисциплина.

„Со сигурност велам дека пилатес стана култура на живеење.Особено ме радува што полека, но сигурно стануваме нација што се рекреира и посветува внимание на својот изглед. Сè повеќе стануваме свесни за тоа дека лошата физичка кондиција, стресот, лошите анатомски промени се фактори што директно влијаат на неквалитетното живеење, па затоа пилатесот станува дел од секојдневието кај многумина“, изјави таа во едно од своите интервјуа, а оттогаш успеа љубовта кон вежбањето и пилатесот да ја пренесе и на професионалните инструкторки во PowerHouse Pilates кои успешно ја продолжуваат нејзината мисија – спортување, здраво тело и психо-физичка активност на целиот организам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Токму затоа, во склоп на Европската недела на спортот во Македонија, во чест на ликот и делото на Ирина, бидете дел од настанот кој ќе се одржи од страна на PowerHouse Pilates на Школка, Градски Парк на 6. јуни 2019 година во 19 часот. Тимот на PowerHouse Pilates втора година по ред се собираат со иста цел, трудејќи се успешно овој настан да прерасне во традиција.

Бидете активни и придружете им се. Вежбајте за себе, во чест на Ирина!




Коментари

коментари