На 9 и 10 февруари посетете го Lovemade Bazaar и пронајдете го совршениот подарок!

„Дечки и девојки, сопруги и сопрузи, cool другари и другарки, креативци, љубители на ракотворби, на оригинални и уникатни подароци, љубители на февруари, љубители на вино, љубители на љубов…ве покануваме на најљубовниот базаар на рачни изработки до сега!

Повелете на дводневна инспирација за тоа што да подарите овој февруари. На Lovemade Bazaar ќе најдете широк избор на уникатни и оригинални рачни изработки преку кои вистински ќе допрете до личноста на оној на кого му подарувате. Не ја исклучуваме можноста да си купите нешто и сами за себе…и тоа е од љубов. Институт Креативна Македонија, 9 и 10 февруари од 12-18 часот. Дојдете на Lovemade Bazaar и очекувајте да добиете прекрасни награди за прослава на 14ти Февруари. Ве очекуваме!“ – велат во соопштението тимот на Creative Macedonia.

Бидете и виде дел од овој Lovemade Bazaar и пронајдете го совршениот подарок за саканата личност или пак за себе!




Коментари

коментари