НА ARMIN VAN BUUREN ВО САБОТА ВО ОХРИД СЕ ОЧЕКУВААТ ПОВЕЌЕ ОД РЕКОРДНИ 15.000 ПОСЕТИТЕЛИ!

Овогодинешното издание на ОHRID CALLING е досега најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија. 

На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10.000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме во сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика ARMIN VAN BUUREN да присуствуваат повеќе од 15.000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Lenny Kravitz и на David Guetta.

Набавете ги вашите влезници навреме и присуствувајте на стадионот „Билјанини извори“, на уште еден навистина голем, визуелен и музички светски спектакл!

Авалон Продукција




Коментари

коментари