Категории

На „Бродот на среќата“ денес ќе се одржи предновогодишното издание на „Бизнис Кафе Македонија“

Денес со почеток од 18:00 часот на „Бродот на Среќата“ ќе се одржи предновогодишно издание на најелитниот бизнис нетворкинг настан во државава „Бизнис Кафе Македонија“ на кој може да присуствуваат сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за бизнис сферата од страна на говорниците во релаксирана атмосфера.


Говорниците ќе го споделат своето искуство пред присутните раскажувајќи ги своите бизнис приказни од самиот почеток. На ова „Бизнис Кафе Македонија“ во пријатната атмосфера на „Бродот на среќата“ ќе говорат:

– Норик Селими, претприемач, основач на Мотиви, Кариера и ПИКАСА.
– Горан Стојановски, ко-сопственик и Управител на Елевејт-Глобал.
– Вера Бошковска – претседател на Здружението за развој и афирмација на франшизата МАКФРАН.
– Елена Стефановска – ТВ автор и водител.

Бидете и вие дел од овој настан, можеби токму на “Бродот на среќата“ ќе започне вашата среќна приказна!