На денешен ден се роди најголемата балканска ѕвезда Тоше Проески: 10 мисли по кои ќе го паметиме!

На денешен ден, во 1981 година Македонија ја доби најсјајната ѕвезда што некогаш заблескала на нашите простори, причината за создавањето на најубавите песни кои сите ги пееме и денес, ангелскиот глас кој никој не може да го замени – Тоше Проески. Иако не напушти прерано и неговата смрт засекогаш ќе остане непреболена, на овој ден се сеќаваме на неговите најпознати изјави кои самите говорат за неговата големина.

1. „Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам во тоа дека во љубовта како и во војната, сè е дозволено.“

2. „За мене е незамисливо оној кој може да им овозможи нешто на оние кои имаат малку или немаат ништо, да ги затвори очите и да не подаде рака.“

3. „Ѕвезди не постојат, освен оние на небото. Јас само ја работам својата работа, а тоа што сум популарен ме прави поуспешен.“

4. „Предупредување до младите: Бидете силни во секој поглед. Најголема е борбата со самиот себе. Издржете и тестирајте го својот карактер. Не попуштајте пред ништо.“

5. „Никогаш не би се одрекол од пријателите, секогаш би бил крај нив, во добро и во зло. Во доброто за да се радувам на успехот, а во злото за да помогнам.“

6. „Без оглед на она што го велат дека скромноста е одлика на глупавите луѓе, јас не се согласувам со тоа. Скромноста е одлика на добрите луѓе.“

7. „Целта на мојот живот не е кариерата, туку контактот со луѓето, таа можност со нив да разменувам енергија. Сакам на сите околу мене да им влијаам позитивно, тоа е мојата мисија.“

8. „Секоја, баш секоја жена на овој свет заслужува во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, па макар тоа било еднаш во животот, да се почувствува како да е најпосакуваната жена на светот и ако целиот живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го потрошил залудно.“

9. „Никогаш нема себеси да си речам – Секој чест. Работам нешто што го сакам, но никогаш не си се воодушевувам себеси.“

10. „Мојата публика за мене е најголема радост. За нив пеам, живеам и знам зошто ме сакаат, затоа што никогаш не се штедам, дури и по цена да паднам во несвест од замор после концерт. Апсолутно не се штедам кога е во прашање музиката и публиката.“




Коментари

коментари