Категории

На крајот од денот најважно е да ти се допаѓа личноста која што си

На крајот од денот, она што е најважно е да бидеш горд на личноста која што си. Горд на љубовта која си ја пружил, на начинот на кој и покрај тоа си ризикувал твоето срце да биде повредено. 

На крајот од денот, она што е најважно е да бидеш горд на личноста која што си. Горд на љубовта која си ја пружил, на начинот на кој и покрај тоа си ризикувал твоето срце да биде повредено. Горд на сета грижа која си ја пружил на сите оние кои ти значат, дека си дал се од себе да им покажеш на сите кои ти значат дека си благодарен за нивното присуство во твојот живот.

Важно е да знаеш дека си успеал да направиш некого да се чувствува важен и значаен, да се чувствува помалку осамено.
Важно е да бидеш горд на твојот живот, на начинот на кој правиш грешки и сфаќаш дека некои од нив морале да се случат за добиеш појаснување за некои нешта.

Важно е да бидеш горд на тоа колку си се трудел да станеш личноста која си посакувал да бидеш, и покрај сета болка и борби.
Но најважно од се е да бидеш горд на тоа што си успеал да преживееш и покрај сите лоши нешта кои ти се случиле, затоа немој повеќе нити еден ден да сфаќаш „здраво за готово“.