На крајот, сите го покажуваат своето вистинско лице

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, само е потребно доволно долго да набљудуваш.

Затоа што човек се уморува од сите нешта во овој живот, се уморува и од одењето спрема своите цели, се уморува од угодувањето на луѓето кои му се потребни за нешто, се уморува од светот кој не е онаков каков што очекувал. А најмногу од се се уморува од држењето на маската на лице за конечно неговата вистинска душа да може да почне да дише.

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице,  и често тоа е во мигот кога не очекуваш. Затоа што човек се уморува од падовите и докажувањето дека е совршен, се уморува од наместениот позитивен став во тешките мигови, се уморува и од грижите кои никогаш ништо не му донеле. А најмногу од се се уморува од луѓетоо кои му оделе на нерви, луѓето кои му биле копја на него самиот, кои по секоја цена сакалае нешто од него и играле игра да го добијат тоа.

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, и често тоа е многу порано отколку што очекуваш. Затоа што човек се уморува од тоа да се меша во туѓите нешта, се уморува од тоа што не успеал да стане онаков каков што сакал па му е преку глава. А најмногу од се, човек се уморува од себеси, од бегањето од себеси кога нема каде и нема кај кого.

На крајот секој се уморува и го покажува своето вистинско лице, лице без маска. Се уморуваат сите кога ќе заврши претставата и кога веќе не треба никому да му се докажува нешто, нити да му се покажува. Се уморува кога ќе го добие она што посакувал и кога сфаќа дека улогата која ја играл не вредела за тоа. Но тогаш само една претстава завршува, и почнува друга. Друга во која ќе мора да игра нова улога, многу подобра и по мудра од претходната.
Животот е таков, сите на крајот го покажуваат своето вистинско лице, а тогаш сфаќаш кои биле глумци а кои вистински луѓе.

 




Коментари

[fbcomments]