На Модниот викенд во Скопје се претставија студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“

На 3. ноември, во „Скопје Мериот Хотел“, под менторство на дизајнерите Никола Ефтимов, Никола Булевски – Буле и Александра Јовановска, студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ во склоп на „Сивус едукативен и развоен центар“. 


Емануела Трајчевска се претстави со колекцијата „Оклоп“, Натали Наумова со „Still“, Катерина Тошева со колекцијата „Огледало“, Мила Спасовска со „Плима“, Марија Десподовска со „Movement“ и Сара Реџиќ со колекцијата „Малиот принц“.

Познатиот италијански бренд за накит „SIGMA“ ја претстави новата колекција под името „Future now“ која преку елеганцијата на жената ја прикажува љубовта кон златниот накит.

Третата вечер на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје заврши со ревијата на дизајнерката Олгица Ѓоргиева и колекцијата „Brigdes“.

Вчеравечер се затвори Модниот викенд Скопје со ревиите на „error kolektiv“ и нивните три брендови.




Коментари

коментари