Категории

На OBSG BUZZ hackathon со 46 млади ентузијасти ја креиравме мобилната банка од иднината

Од 30.10 до 02.12 се одржа OBSG BUZZ хакатонот организиран од Солвео и Ohridska Banka Societe Generale, каде 46 млади поделени во 9 тимови креираа решенија за иднината на мобилното банкарство.

Предложените решенија беа разновидни од повеќе аспекти почнувајќи од подобрување на корисничкото искуство, стимулирање на штедењето, нов начин на плаќање и префрлување на средства, до вештачка интелигенција (чет бот).

Хакатонот стартуваше во петокот каде претставници од Солвео и Охридска Банка го отворија настанот, ја претставија мисијата на настанот и ги инспирираа младите за креирање на иновативни и креативни решенија во текот на викендот. Саботата беше резервирана за менторските сесии со претставници од Охридска банка Сосиете Женерал и Асекo кои на сите тимови им дадоа насоки од финансиска и техничка страна за нивните решенија.

На последниот ден од хакатонот, сите тимови ги презентираа своите решенија за тоа како треба да изгледа мобилното банкарство од иднината пред жири комисијата составена од Бојан Михајловиќ – Асеко, Оливер Гаврески – Раководител на дирекција за мултиканална поддршка на комерцијалното работење во Охридска банка Сосиете Женерал и Нина Неданоска – Член на Управен одбор во Охридска банка Сосиете Женерал.

Победничкиот тим ја претстави мобилната апликација „My bank, my friend“ која вклучува лесна најава, можност за уредување на функционалностите според сопствените потреби, можност за паметно штедење и многу други карактеристики. Победничкиот тим доби награда од 1.500 евра од Охридска банка Сосиете Женерал. Тимот кој стој зад „My bank, my friend“ е составен од Дарко Георгиевски, Христијан Бабука, Борко Наумовски и Стефан Деспотовски.