На овие 3 трендови треба да потрошите пари оваа есен

Некои од актуелните трендови нема да траат само една сезона, токму напротив! Слободно вложете ги парите на овие парчиња и нема да зажалите.

1. Торба со крокодилски дезен

Торбата со крокодилски дезен е аксесоар кој не може да го заобиколите доколку ги пратите трендовите. Посебно ако се одлучите за некоја класична боја како црната, бидете сигурни дека нема да згрешите.

2. Добро одело

Класичното одело со добар крој кое совршено ви прилега ќе трае со години, а вие секогаш ќе имате безвременска модерна комбинација.

3. Плетената облека е секогаш во мода

Без разлика дали е ролка, пуловер или џемпер, во нежни или силни тонови, плетената облека е навистина практично и идеално решение за студените есенски и зимски денови.




Коментари

коментари