На овој остров живеат 13 луѓе и 120 мачки: Еве како изгледа нивниот живот!

Дали знаевте дека во Јапонија постојат два острови на кои живеат речиси само мачки. Ги има во голем број, многу повеќе од луѓето.

Тоа се островите Тахироџима и Аошима, во народот познати како „острови на мачките“.

Островот Тахироџима на кој живеат околу 100 луѓе и 500 мачки е светски познат. Просечната старост на луѓето е 71 година, а сите млади луѓе го напуштиле.

Островот Аошима е мал остров, во кој на крајот на минатиот век живееле 900 луѓе, а сега има само 13 стари лица. Меѓутоа, островот не е пуст бидејќи на него се наоѓаат 120 мачки во различни бои.

Како се доведени мачките на овие острови?

Едноставно! Луѓето ги довеле за да се изборат против глувците, а тие се размножиле повеќе од луѓе. Овие острови се туристички атракции. Луѓето од сите страни на светот доаѓаат тука да ги хранат и мазат мачките.




Коментари

коментари