Категории

На секој друг ќе изгледа лошо, а неа совршено и прилега: Пенелопе Круз во светкав Шанел комбинизон

Познатата шпанска актерка е фотографирана во Париз за време на премиерата на нејзиниот последен филм Cuban Network.

За премиерното вечерно прикажување на филмот: Пенелопе избра глам комбинација на модната куќа чие лице и чие седиште е во центарот на Париз – секако Шанел.

Помалку необичен комбинезон со килоти ногавици и горен дел на преклоп, покрај кројот кој што не секој може лесно да го изнесе, се истакна и со светкава златно-сребрена ткаенина.

Со модните акцесоари во форма на црн кожен ремен и писмо чанта, актерката заокружи многу ефикасна и на прв поглед помалку кич комбинација.