На секој хороскопски знак му одговара одредена тарот карта – откријте ја вашата

Секоја тарот карта укажува на одредена животна лекција која секој хороскопски знак може да ја научи за да стане подобар. На секој хороскопски знак му одговара одредена тарот карта, откријте ја вашата.

Овен – Крал
Симбол на лидер кој знае како да ги искористи својата харизма и шармот. Како и кралот, овенот има неверојатна сила и волја, а кога ќе започне нешто ништо не може да го спречи да успее во намерата.

Бик – Папа
Папата е симбол на премин од ученик во учител, воден од желба за знаење. Темелно го проучувате секој аспект од вашата професија, бидејќи сакате да бидете сигурни дека сте експерт во таа област.

Близнаци – Љубовници
Иако тарот картата, меѓу другото, симболизира љубов и партнерство, за близнаците значи следно: лични предизвици во донесувањето одлуки. Близнаците сакаат да имаат сè, а оваа карта им сугерира да обрнат внимание на нивните најголеми желби пред да одлучат нешто.

Рак – Кочија
Како и возачот на кочијата, така и ракот ја користи интелигенцијата за да се фокусира на животната енергија, додека се движи кон новите предизвици. Задржете ја силата и контролата над себе, без оглед на промените или неочекуваните пречки.

Лав – Сила
Архетипот на силата тука е разбирлив сам по себе, но исто така, тој има и подлабоко значење. Иако лавовите се физички силни, тие треба да ја збогатат својата внатрешна сила за да можат полесно да се соочат со предизвиците на животот, а понекогаш и да го остават егото зад себе.

Девица – Пустиник
Учење од сопственото искуство. Повеќе од било кој знак, девиците би требало да се свртат кон себеси и да научат да ја ценат осаменоста. Вистината не се крие во другите луѓе, туку во нив самите.

Вага – Правда
За овој знак е типично да се изгуби во перфекционизмот во обид да ја најде рамнотежата во животот. Оваа карта им сугерира на вагите дека треба да се ослободат од строгите дефиниции за тоа што е исправно, а што не. Ништо не е само црно или бело.

Шкорпија – Смрт
Звучи страшно, но Смртта кај Шкорпија симболизира духовна и емоционална трансформација. Научете како да се ослободите од сè што не ви треба во животот. Само така ќе го постигнете својот најголем потенцијал.

Стрелец – Умереност
Задржување на објективноста во одредени ситуации секогаш ќе биде предизвик за стрелците. Картата умереност ве потсетува да ги земете во предвид и фактите, а не само личниот став, кога се соочувате со предизвиците. Не брзајте со донесувањето на вашите одлуки пред добро да размислите.

Јарец – Ѓавол
Јарците често се исцрпуваат за да им докажат на другите луѓе дека можат сé и дека се најдобри во сè што прават. Ѓаволот симболизира илузија и погрешни афирмации. Јарецот треба да научи како да се ослободи од овие илузии и да престане да верува дека животот е достоен за живеење само доколку е совршен.

Водолија – Ѕвезда
Водолијата стои со една нога на земја, а со друга во вода, додека цел живот се стреми да постигне рамнотежа помеѓу менталната и емоционалната стабилност. Ѕвездата е тука за да ве потсети дека не морате да се вклопите во општеството за да бидете среќни. Баш спротивно, треба да научите како да излезете од толпата.

Риба – Месечина
Картата Месчина е идеална за рибите кои се познати сонувачи, интуитивни и емпатични членови на Зодијакот кои секогаш треба да го слушаат нивниот внатрешен глас.




Коментари

[fbcomments]