Категории

На што „паѓа“ понежниот пол – И што дамите никако не сакаат кај еден маж

Доколку сте мислеле дека е во прашање изгледот – сте се излажале. Жените ги привлекуваат мажи со манири и добра смисла за хумор, велат психолозите.

После низа истражувања, психолозите открија што е она што најмногу ги привлекува и одбива жените, кога е во прашање изборот на партнер.

Манири
Едно од првите нешта на кои секоја жена ќе обрне внимание е не е физичкиот изглед, туку неговото однесување, како и начинот на кој се однесува спрема неа при запознавањето. Доколку тогаш не ја освоите, тешко дека ќе можете да промените нешто подоцна.

Смисла за хумор
Припадничките на понежниот пол сакаат кога мажите имаат смисла за хумор и кога всушност имаат за што да разговараат со него. Ниедна девојка не сака маж на кој мора да му ги „вади зборовите со клешта од устата.“
Иако физичкиот изглед не е пресуден, како што на мажите им е важно нивната партнерка да изгледа убаво, така и на дамите им е важно покрај себе да имаат маж кој води грижа за тоа како изгледа.

Не ги кријат чувствата
Исто така жените сакаат мажи кои од самиот старт покажуваат дека се сериозни во врска со нивната заедничка иднина и не се плашат да ги искажат своите чувства. Самоуверениот и сигурен меж е тип кој секоја жена го посакува покрај себе.

Она што жените ги одбива е всушност се спротивно од горе наведеното. Некултурни, несериозни мажи на кои жената мора да им изиграва мајка, воопшто не се привлечни за нити една исполнета жена. Доколку таа и покрај вас, се мора да прави сама – многу е веројатно дека на вашата романса ќе и дојде крајот. На жените им е потребен некој кој ќе ги следи во секој чекор и на кого можат да се потпрат и кој ќе им покаже дека се сакани.

Прегледи:
490
Објавено на:
19.06.2020