Категории

На што треба да се обрне внимание при конзумирањето кафе?

Кафето претставува еден од омилените пијалаци во светот, а истовремено и одличен извор на антиоксиданси.

Меѓутоа, освен советот за умерено конзумирање кафе, ќе биде добро да обрнете внимание и на други навики.

За почеток, ако наутро пиете кафе, а претходно не појадувате, потрудете се да внесете доволно течност пред да го конзумирате.

Идеално е пред кафето да испиете една до две чаши вода или, уште подобро, да испиете голема чаша вода со сок од половина лимон.

Водата со лимон помага при расонувањето и во исто време ги ослободува токсините од телото.

Исто така избегнувајте да пиете кафе со разни додатоци како вештачко млеко или вештачки засладувачи.

Прегледи:
417
Ознаки:
·
Објавено на:
28.03.2017