На сите ни е потребен: Колку одмор му е потребен на секој од хороскопските знаци?

Некому му е доволен викенд, некому 10 дена, а некому ни месец дена одмор не му значат многу. Прочитајте колку долго треба да трае вашиот одмор според хороскопскиот знак.

Овен

Сѐ додека сте со други луѓе, можете да бидете на одмор. Сакате спонтани одмори, секогаш сте подготвени за авантура. Затоа што живеете за моментот и земате сѐ што ви нуди животот кога сте на одмор. Сепак, бидете сигурни дека имате што да правите, а треба и да ги испланирате спортските активности.

Бик

Вам ви е доволен и краток одмор, па макар и неколку дена. Бидете хедонист барем тие денови за да ги наполните батериите. Сепак, вашата одговорна страна секогаш победува и имате потреба брзо да се вратите на работа.

Близнаци

Вашата неодлучност предизвикува и да сакате да бидете долго време на одмор и да останете само неколку денови. Сепак, една недела е сосема доволна. Ова ви овозможува да имате можеби уште еден до два денови одмор без да се чувствувате дека одморот е завршен веднаш штом се вратите дома.

Рак

Водата ви одговара и ве прави среќни. На одмор важи истото. Поминете што повеќе време во вода, на море, езеро, важно само да се опуштите. Една недела ви е сосема доволна за да заборавите на сите обврски.

Лав

Ако ви е нешто важно во животот, тогаш тоа е одморот. Сакате да одите на масажа, педикир, маникир, на сѐ што може. Две недели се во ред за вашите апетити, иако ни тоа не е доволно. Сепак, многу би ви значело доколку бидат три недели за да може да се опуштите потполно.

Девица

Подготовките за вашиот одмор може да траат подолго отколку одморот, бидејќи сѐ мора да биде совршено. Вие така сакате да биде и не сакате да ги менувате своите желби и навики. Не мора да ги потрошите сите пари кога знаете какви трошоци ве чекаат. Вам ви е доволен дури и викенд или неколку денови на некое мирно место.

Вага

Вам не ви е важно колку трае одморот, важно ви е да уживате во секој момент. Ќе се жртвувате многу поради мирот и хармонијата, бидејќи исклучително ви е важно да имате некое мирно време само за себе. Некое скромно патување ќе ве задоволи, не барате премногу, но сепак обидете се да се забавувате и да се опуштите.

Шкорпија

Романтичен одмор е она што ви е потребно. Вие обожавате да одите на одмор со партнерот. Иако е добро да го посетите и пријателот кој живее во друга земја. Тоа може да биде една добра можност која треба да ја искористите. Вам ви се потребни петнаесет денови одмор.

Стрелец

Вашиот одмор може да трае бесконечно бидејќи сте оптимистични и не сакате да работите секогаш. Понекогаш и одењето по храна или на пазар за вас претставува релаксација. Сепак, одете на вистински одмор. Одвојте недела – две и земете ги пријателите со кои добро се сложувате.

Јарец

Семејните патувања се добри за вас, иако можат да бидат помалку стресни. Додека се вашите деца на летен одмор или имате желба во текот на летото да одите негде, земете неколку недели да ги посетите роднините, пријателите или некои знаменитости кои одамна сакате да ги видите.

Водолија

Додека не ви е здодевно на одмор, вашите патувања немаат граница. Околу две недели ви се потребни за да се видите со сите, да патувате онаму каде што сте планирале и да се забавувате. Можеби можете да смислите некоја активност во текот на одморот, бидејќи вие така го замислувате одморот. Важно е само да не бидете сами.

Риби

Најдобар одмор е оној кој може да го поминете сами, со музика и уживање. Малите одмори од викенд на викенд се одлична опција за вас. Важно е да се грижите за себе и да знаете кога треба да направите пауза. Море, езеро или река се одлична опција за вас.




Коментари

коментари