Начинот на кој вашиот партнер ве држи за рака многу зборува за вашата врска

Љубовта не е само збор, не е нити гест. Љубовта е и начинот на кој вашиот партнер ве држи за рака.

Говорот на телото може да го потврди она што е кажано но може да биде и спротивност на тоа, а држењето за рака зборува многу за вашиот однос.

Дали некогаш сте имале прилика да видите некој пар како се држи за раце и сте помислиле дека нешто со нив не е во ред, или баш напротив, ви делувале како идеален пар. Знаете ли дека начинот на кој вашиот партнер ве држи за рака зборува многу за него како и за вашиот однос?
Говорот на телото открива емоции и начин на кој вашиот партнер невербално комуницира со вас. Тоа открива дали вашиот партнер е спремен за врска, дали се плаши од врска, дали е доминантен и има намера да ве заштити или едноставно вашата дланка ја става во неговата по инерција.

Што зборуваат испреплетените раце
Кога вашите раце се меѓусебно испреплетени тоа е знак дека љубовта е здрава и постои огромна доверба помеѓу вас. Таквиот однос е квалитетен и долготраен.

Што зборува неговата дланка над вашата
Доколку вашата дланка е свртена нагоре, а неговата се наоѓа над вашата, тоа е знак дека вашиот партнер има заштитинички инстинкт и сака да ве заштити низ животот и врската.

Што зборува тоа кога ве држи за малиот прст
Кога партнерот ве држи за малиот прст тоа значи дека нешто не е во ред и вашата врска плива во опасни води. Држењето на малиот прст е знак дека во миговите на расправии може да дојде до агресивно однесување кое е за секоја осуда и е потполно неприфатливо. Ваквото држење е знак на посесивност е тој ве доживува како негова сопственост.

Што зборуваат испреплетените прсти
Кога вашите прсти се испреплетени како совршена сложувалка, тоа е знак на вистинска љубов, добра комуникација и обострана желба за откривање на заедничкиот однос.

Што ако вашиот партнер не ве држи за рака
Пред да помислите дека не ве сака, можеби е само срамежлив или не сака тоа да го прави во јавност. Ако ве држи за рака додека сте сами, нема потреба за грижи.




Коментари

[fbcomments]