Наградите Еми 2019: „Игра на тронови“ повторно го сруши рекордот на освоени награди

Мегапопуларниот феномен серијата „Игра на тронови“ и оваа година повторно доминираше на доделувањето на Еми наградите. Последната финална 8 сезона собра рекорден број на 32 номинации.

„Заборавете на железниот престол, екипата е премногу зафатена во броење на досега освоените награди“ – порачаа ѕвездите.
Последната 8-ма сезона освои вкупно 12 Еми награди што сруши уште еден рекорд во историјата на сериите.

„Игра на тронови“ ја освои наградата за Најдобра драмска серија, а екипата која ги отелотвори ликовите за последен пат се обедини на сцената.
Актерот Питер Динклиџ познат во улогата на Тирион Ланистер по 4-ти пат се закити со Еми за Најдобар актер во споредна улога во драмска серија.

Актерите Кит Харингтон и Емилија Кларк беа номинирани во категоријата Најдобар актер во главна улога, и Најдобра актерка во главна улога, а покрај нив исто така беа номинирани и Гвендолин Кристи, Лена Хиди, Софи Тарнер и Мејзи Вилијамс за Најдобри актерки во споредна улога, и актерите Алфи Ален, Николај Костер-Валдао во категоријата Најдобар актер во споредна улога.
„Огромна чест е да се биде тука вечерва“ – порача актерот Алфи Ален попознат по улогата на Теон Грејџој.


„Мислам дека сите ние ќе се согласиме колку оваа последна сезона беше неверојатна. Никој од нас не знаеше како ќе заврши серијата, не знаевме кој ќе го предаде кого и кој ќе заврши на тронот“ – објави Софи Тарнер позната по улогата на кралицата на северот Санса Старк.

„И колку да посакувавме серијата никогаш да не заврши, оваа вечер завршува вистински. Ви благодариме од се срце“ – со овие зборови Мејзи Вилијамс се прости од улогата на Арја Старк.

Кит Харингтон и Емилиа Кларк со насмевка ги пречекаа овациите кога се качија на сцената и им се заблагодарија на присутните како и на главните „виновници“ за нивниот успех – авторот на франшизата Џорџ Мартин и главните директори на серијата Дејвид и Дан.




Коментари

[fbcomments]