Наградите Еми за последно ќе ги обединат актерите од серијата „Game of Thrones“

Мегапопуларната серија – феномен „Game of Thrones“, го доби својот крај во мај оваа година, заклучно со последната 8-ма сезона која ја финишира приказната за железниот трон. Актерите одамна се опростија едни со други, но наскоро следува уште едно обединување помеѓу целата екипа, и тоа овој пат дефинитивно за последно.

Досега серијата има освоено рекорден број од 47 Emmy награди, а оваа година е номинирана за 32 награди што претставува рекорден број на номинации за една серија во историјата и тоа само за една сезона.

Оваа година помеѓу главните номинирани за наградата се ѕвездите Кит Харингтон и Емилиа Кларк. Ова е втора номинација за актерот, додека Емилија претходно беше номинирана 3 пати.

Доделувањето ќе се одржува на 22 Септември, кога сите фанови на шоуто за последен пат ќе ги видат своите миленици на едно место заедно.




Коментари

[fbcomments]