Најчести грешки при миењето на косата – 3 причини зошто вашата коса не е бујна и здрава

Следете ги овие совети и ќе ни бидете благодарни подоцна

Негата на косата е исклучително важна но притоа не се работи само за видот на шампон или масло за коса кое го користиме. Ако косата се негува на погрешен начин, не сме постигнале ништо. Притоа, не се работи само за видот на шампон кој го користиме затоа што грешките при нејзиното негување можат да доаѓаат и во сосема вообичаените рутини.

Миење на косата во погрешки чекори
Освен што во текот на миењето премногу пати нанесуваме шампон, и притоа пречесто ја миеме во текот на неделата, уште една голема грешка е миењето со премногу топла вода. Косата на температура од 38 степени се оштетува и пука, затоа се препорачува косата од регенераторот и шампонот да се измива со ладна вода или барем на температура пониска од наведената.

Стилизирање на косата додека сеуште е мокра
Косата и темето се особено нежни кога се во допир со вода. Затоа не се препорачува чешлање на косата додека е сеуште мокра како ни стилизирање со гел, спреј и слични препарати. особено не смеете да користите топли алатки како фигаро и преса за коса додека влакното е сеуште влажно.

Користење премногу продукти
Иако маската или маслото за коса се исклучително препорачливи, со нив не треба да претерувата. особено е штетно кога сите препарати се користат во ист ден а тоа може да и биде премногу на вашата коса. Доколку баш морате да ги користите и двете, внимавајте да се од ист бренд и да е нагласено нивното користење во комбинација од страна на брендот.




Коментари

[fbcomments]