Категории

Најчести причини поради кои мажите раскинуваат и што се крие позади нив

Сигурно не можете да наброите колку пати во животот сте слушнале за клише причините кои мажите ги сервираат за време на раскинувањето тогаш кога немаат храброст јасно да ја кажат вистинската причина. Ние ви откриваме што всушност значат тие.

1.„Не е до тебе, до мене е“
Најпознатата реченица в превод би значела – Поради тебе е! Само не знам како да ти го кажам тоа да звучи подобро, па послесно ми е да кажам дека проблемот е во мене.

2.„Ми треба простор“
Во превод – Морам да се оддалечам од тебе бидејќи премногу ме гушиш. Не ми треба некој на кого морам да му давам отчет за секој мој чекор.

3.„Премногу сме слични“
Тоа значи – Премногу ме замараш и времето поминато со тебе е се по здодевно.

4.„Мислам дека треба да се гледаме со други луѓе“
Тој сака да каже дека веќе се гледа со други.

5.„Најдобро е да останеме пријатели“
Значење – Не сакам да имам ништо со тебе, подобро ми е кога сме на дистанца.

6.„Не сум спремен за врска“
Ако некој ви го каже тоа, значи дека не е спремен да биде во врска со вас, а не генерално.

7.„Морам да се фокусирам на кариерата“
Во превод – Ти не се вклопуваш во моите планови за иднината.

8.„Заслужуваш подобро“
Уште една добро позната клише фраза која едноставно значи – Сакам да раскинам со тебе и ова е најбезболниот начин кој нема да направи да испаднам кретен.

9.„Мислам дека избрзавме со влегување во врска“
Значење – Ме прогонуваш и премногу ми досадуваш.

Прегледи:
302
Објавено на:
24.10.2019