Најчестите заблуди околу трајната шминка – Што е и не е вистина?

Како и останатите третмани за убавина, и трајната шминка е процес околу кој постојат некои митови во кои веруваат многу девојки. Сега ви ја откриваме вистината.

1.Трајната шминка изгледа неприродно
Можеби порано, пред 10-15 години, овој процес изгледат сложени и не премногу природно, но времињата се променија.
Денес во трајната шминка важат потполно истите правила како и во останатите области на естетската медицина и најважното нешто кај нив е желбата за што поприроден изглед.
Затоа денес најпопуларни се техниките на сенки, пудра во прав, техниката на пудра за веѓи и слично.
Сите овие техники првенствено се насочени на тоа на убината да и се пружи природен ефект. Покрај тоа, во изборот на пигменти, специјалистот се фокусира на изгледот на клиентот и изборот на тонови кои се најблиски до неговите природни нијанси.

Постапката на трајната шминка овозможува не само додовање на ведрина на лицето, туку и отстранување на визуелните несовршеност, правејќи ги веѓите подебели, усните пополни, ја остранува асиметријата, пигментацијата, пост-акнеичните флеки па дури и постоперативните лузни.

2.Болна постапка
Овој фактор е доста преувеличен. Моментално за спроверување на трајната шминка се користи опрема со деликатно дејство која продира длабоко во кожата, но не ги оштетува нервните завршетоци и крвните садови.
Исто така е вредно да се земе во обзир тоа дека трајната шминка се прави под локална анестезија.

Болката при постапката може да се зголеми доколку се прави во текот на менструалниот циклус кога жените се подложни на зголемена чувствителност. После постапката треба строго да се почитуваат упатствата на стручњаците – имајте на ум дека на кожата која била подложна на ваква постапка се појавува слој кој не треба да се допира. Тој ќе спадне самостојно после 4-6 дена после третманот.

3.Трајната шминка е како тетоважа – трае цел живот
ТОа се потполно ризични постапки, а пигментите кои се користат за трајна шминка имаат потполно поинаква основа и се внесуваат под кожата за само 0,5 мм (за разлика од тетоважата која влегува 2-3 мм поткожно). Поради тоа секој вид на трајна шминка има свој „датум на истекување“.

 

4.Ова е штетна постапка
Пигментите за траен makeup се апсолутно сигурни: Во нивното производство се користат минерални компоненти а факт е дека пигментите имаат краток „рок на траење“ што уште еднаш ја докажува нивната безопасност. Покрај тоа, во текот на овој процес, пигментот се нанесува во горниот слој на кожата за само 0,5 мм така што нема негативно влијание на телото.

5.Трајната шминка е скапо задоволство
Ако земете во обзир дека поради составот на шминката потребно е да ја менувате најамлку еднаш во шест месеци, а маскарата еднаш на 2-3 месеци, оваа изјава не звучи така уверливо.

Во реалноста, тоа овозможува заштеда – не само во смисла на пари, туку и време. Убав бонус е тоа што покрај сталниот makeup во било која животна ситуација, секогаш ќе бидете потполно опремени, а тоа чини многу со оглед на модерниот живот и темпо и хроничниот недостаток на време за сите обврски особено за личната нега и шминкањето.




Коментари

[fbcomments]