Категории

Најдобар сопруг во целиот зодијак

Секој човек има свои доблести и мани кои го прават единствен, но експертите од областа на астрологијата веруваат дека положбата на планетите и хороскопскиот знак имаат голема улога врз карактерот на личноста.

Како сопруг, Бикот има многу подобри особини од останатите знаци во хороскопот. Иако Бикот многумина го сметаат за неморален, сепак ова може да е вистина само ако предвид се има неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.

Инаку тој во основа е нежен, добродушен и пред се верен.

Никогаш нема да го занемари својот дом и семејството поради некој друг свој интерес. Бикот ја обожава својата сопруга и децата и се труди да им овозможи најдобри услови за живот, образование и се што нуди светот.

Бикот е тип на маж кој најчесто се жени со девојка која е од подобра материјална и социјална положба од него, бидејќи се води од амбицијата да успее и да се движи во повисоките друштвени кругови.

Венера му дава извонредна смисла за убаво, што допринесува Бикот секогаш за себе да бара убава жена.

Бикот кога еднаш ќе се ожени тешко да го натерате да се разведе.

Прегледи:
674
Објавено на:
18.02.2016