Категории

Најдобра работа на светот: За направени три фотографии дневно, заработка од 61.000 евра

Ако сте активни на Инстаграм и обожувате да се фотографирате, ова е вистинската работа за вас.

Компанијата која организира крстарења бара „професионален“ човек за одмор чија единствена задача ќе биде да објавува три фотки на Инстаграм дневно за време на три крстарења по светот, а за тоа ќе добие околу 61.000 евра.

Кандидатот кој ќе ја добие работата во компанијата Royal Caribbean International ќе добие платени три крстарења во текот на тринеделно стажирање, а единствена работа ќе му биде да ги документира крстарењата на социјалните мрежи. Во текот на секое крстарење ќе мора секој ден да објавува по три фотки.

Во правилникот стои дека фотките треба да го прикажуваат морето, пристаништата, хоризонтот, бродските простори, неверојатните доживувања на бродот… За време на секое крстарење вработените ќе мора да одат и на три копнени екскурзии.

Кога станува збор за објавите, се напоменува дека треба да се повикаат другите корисници на Инстаграм да ги напишат своите искуства или препораки за тоа што би требало да се види за време на крстарењето. Исто така, треба да се направат и видео снимки од крстарењето.

Успешниот кандидат во првите три недели ќе заработи околу 3.000 евра, а платени ќе му бидат сите трошоци за сместување и храна.

Royal Caribbean ги прима пријавите од денес, исклучиво преку Инстаграм. Како што велат, бараат „извонреден истражувач“ кој ќе ги документира нивните патувања. Имено, истражувањето кое го спровеле покажало дека 48 отсто од патниците ги проучува социјалните мрежи пред патувањето, а 34 отсто рекле дека никогаш не би се впуштиле во патување пред да ги проверат социјалните мрежи, пишува британски „Express”. Важноста на интернетот во планирањето на патувањата е особено нагласена меѓу младите помеѓу 18 и 24 години, бидејќи дури 51 отсто од нив рекле дека во планирањето на патувањето се потпираат на социјалните мрежи. Една третина рекла дека главен извор на информации им е Инстаграм.

Кога станува збор за кандидатите кои ќе се пријават, компанијата ќе го одбере својот вработен врз основа на физичкиот изглед, способноста за раскажување приказни и оригиналноста на Инстаграм.

„Нашите крстарења се полни со извонредни моменти и се надеваме дека ќе најдеме талентирана личност која убаво ќе ги препорача и ќе ја долови нивната уникатност“, рекол директорот на компанијата за Велика Британија, Бен Боулдин.

Ако мислите дека го имате она што го бараат, објавете го вашето искуство од патување на Инстаграм и тагирајте ги @RoyalCaribbeanUK и ставете хаштаг #ExtraordinaryExplorer.

 

Прегледи:
369
Објавено на:
05.01.2017