Категории

Најдобриот лек за сите болки – секој го поседува

Ништо подобро не лечи емотивни рани од него..

Самолекувањето е техника во која почнува да ја истражуваме својата личност и правиме нешто ново за себеси. Тогаш сфаќаме кои сме ние всшност, ја откриваме нашата природа, не дозволуваме никој да не дефинира, нашето друштво, опкружувањето, нити било какви надворешни влијание, само ние самите, голи, цели и искрени.

Кога сакате да ги излечите раните на душата, првиот чекор кон самолекувањето е враќање на љубовта спрема себеси. Можеби е најдбро да се осамите некое време и повторно да научите да уживате во сопственото друштво. Започнете да правите нешта кои вас ви годат, удоволувајте си на себеси и повторно почувствувајте се живи и енергични.

Можно е на почетокот да ви биде тешко да поминувате време сами со себе, но со тек на време ќе се навикнете на себеси и на своите мисли, ќе знаете како да ја канализирате својата енергија. Ова не значи дека треба во потполност да се изолирате од остатокот на светот, туку само во одредени периоди од денот да пронајдете место на кое ќе можете да се посветите на себеси во апсолутна тишина.

Бидете свесни дека на овој начин исцелувањето нема да дојде преку ноќ, затоа што најдобриот лек за болката секако е ВРЕМЕТО.

Времето е на ваша страна и ви помага да избледат сеќавањата од лошите искуства. Времето не прави посилни, свесни и ни донесува нови убави искуства.
Времето само ќе направи да се чувствувате подобро од ден во ден. Многу нешта кои порано не сте ги забележувале ќе ви изгледаат поубави и поведри, ќе доживувате нови искуства, ќе запознаете нови луѓе, ќе станете желни да го доживувате животот на нов начин.
Доказ дека времето ни помага воисцелувањето најдобро се гледа кај љубовните односи.
Кога сте оставени или повредени од партнерот, во почетокот ви се чини дека тоа е крај на една убава приказна, но со тек на време таа станува се подалечна и ви изгледа дури нереална. Бидете свесни дека времето може да донесе многу уште поубави љубовни искуства.