Категории

Најдобриот тим нè направи среќни родители

„Мама, ова е докторот кој е заслужен што денес те имаме во нашите раце“ – со насмевка на лицето Елена и зборуваше на малата Ана. Благодарение на професионалноста и стручноста на д-р Митко Ивановски желбата на Елена и Марјан да бидат родители стана реалност во Аџибадем Систина.

Ова е посебен ден за нив, кога после речиси  еден месец без маска на лицето можат да ја гушнат нивната принцеза. За развојот на Ана, родена во 31-та гестациска недела се грижеше целиот тим неонатолози на Одделот за неонатална интензивна нега на чело со д-р Снежана Палчевска. 29 дена медицинските сестри и доктори се погрижија Ана да добие сè што и потребно за нормален раст и развој.

„Конечно можеме да ја видиме и допреме надвор од инкубаторот. Пресреќни сме што заминуваме дома. Нема зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот тим овде. Господ ни ги испрати д-р Ивановски и д-р Палчевска за да нè направат среќни и горди родители. Благодарност до целиот тим кој толку грижливо ја чуваа и пораснаа нашата Ана за да можеме денес да си ја земеме дома.  Посебен поздрав за сестрите Мери и Жане кои ни пружија толку многу љубов“ велат среќните родители Елена и Марјан Устамитови од Скопје.

Прегледи:
700
Објавено на:
11.03.2016