Категории

Најдобрите чаеви за пролетни тегоби – Природни лекови за метеопати

Кога времето нагло се менува, нормално е човекот да се чувствува уморно, да има главоболка или други потешкотии. Ако имате непријатност, не мора да прибегнувате кон лекови, доволно е да подготвите соодветен чај или закуска од зеленчук.

Болки во зглобовите
Со ненадејни промени, често се јавува болка во зглобовите, и тоа е вистинскиот момент кога треба да пиете чај од шипка. Ова е совршен чај за секој што има артритис.

Главоболка
Кога ќе добиете главоболка од сончевите зраци, јадете краставица веднаш! Супа, зелена салата исто така ќе ви помогне. Водата содржана во овој зеленчук содржи минерали кои ќе го зајакнат организмот.

Висок притисок
Притисокот ви скокна нагло? Ќе го спуштите со помош на свеж целер. Ако не сакате да го грицкате тоа, направете сок.

Несоница
Ако страдате од несоница, треба да јадете банана која содржи триптофан пред спиење. Го зголемува нивото на серотонин што помага во регулирање на фазите на спиење.

Замор
Заморот се решава со круша затоа што обезбедува енергија благодарение на шеќерот што го содржи. Крушата нема многу шеќер, затоа е подобро решение од засладеното кафе.

Прегледи:
928
Објавено на:
28.03.2021