Најдобрите љубовни книги во 2019 кои мораат да ги прочитаат сите романтичари

Најпопуларниот сајт за книги, Goodreads сподели кои книги што изглегоа оваа година, од жанрот на љубов и романтика, морате да ги прочитате до крајот на годината доколку и вие сте фан на овој тип на литература.

„Љубовни пораки на полето“ – Џенифер Е. Смит
Хуго раскина со својата девојка пред да замине на патување во едно село. Но не може да го врати својот билет, па наместо тоа тој ќе мора да најде нејзина замена за да оди на своето патување. Која ќе биде девојката која ќе ја замени неговата бивша?
Тој ќе ја запознае шармантната Меј со која ќе доживее сосема неочекувани случки.

„Мојата и твојата Днк-а“ – Андреа Ротман
Џастин ја вработува Емили во неговата лабораторија за едно истражување како работат сетилата за мирис. Но останатите вработени нема да се согласуваат со нејзините теории, вклучувајќи го и Џастин. Како ќе се најде средина помеѓу нивното несогласување и она што таа го чувствува за него?

„Девојката која ја познаваше претходно“ – Трејси Гравис Грејвс
После неколку години од завршувањето на колеџот, Аника и Тревис повторно се среќаваат во клуб. Пред 10 години тие ја раскинаа нивната врска, а оваа ненадејна средба повторно ќе ги разгори страстите помеѓу нив, но тука ќе е и причината поради која се разделија првиот пат.

„Ќе бидеш моја“ – Ерин Хан
Типична љубовта приказна за добра девојка и лошо момче кое се вљубуваат еден во друг. Книга полна со страст која ќе ве натера да не ја испуштите од рака!

„Под масата“ – Стефани Иванович
После разводот, Зои се преселува во Њујорк и работи како готвачка во кетеринг служба. Таа го запознава Тревис, згоден и вртоглаво богат млад човек, но исто така и премногу чуден. Таа ќе се обиде да му помогне да стане што по самоуверен, и во меѓувреме ќе се заљуби во него.




Коментари

коментари