Најдобрите светски локации за луда забава ова лето

Летото е вистинскиот период за да избегате од досадното секојдневие во градот и да отидете на некое место каде тотално ќе се опуштите, лудо забавувајќи се или мирно уживајќи на плажата. Ако сте за она првото и барате луда забава, покрај доброто друштво, потребна ви е и совршена локација за тоа. Низ светот има многу места кои се прогласени за party zone, а ние ви споделуваме дел, од кои некои ви се и во непосредна близина.

Ibiza, Spain

Ибица е на врвот од листата на места за забава. Безборјните клубови и најдобрите диџеи ќе ве остават будни до утринските часови. Ова е место што мора да го посетите барем еднаш во животот.

Saint Tropez, France

Преубавиот Сент Тропе се наоѓа на француската ривиера и е рајска локација. Луксузните вили и клубови привлекуваат многу славни личности, а забавата трае до утринските часови.

Zrce Beach, Croatia

Кристално чистата вода, рајското опкружување и одличните забави, го прават Зрче балкансата Ибица. Паг е островот, а Зрче е местото што е рај за младите кои сакаат одлична забава преку целиот ден.

Zakynthos (Zante), Greece

На островот се наоѓа скриена една од најубавите плажи во светот, а секако имате и изобилство од клубови за забава.

Barcelona, Spain

Барселона е градот кој не спие. Бројни клубови, барови и пабови несвесно ќе ве остават будни долго во ноќта.

South Beach, Miami

Ова е една од најпознатите плажи во САД, а и најдоброто место за забава. Штом ќе зајде сонцето, забавата започнува.

Haad Rin Beach, Koh Phangan, Thailand

Ко Панган е забавите кои се одржуваат во чест на полната месечина, каде илјадници го слават лунарниот циклус. Ова е неверојатно доживување.

Sao Paulo, Brazil

Овој милионски град нуди забава која трае 24 часа.

 Budva, Montenegro

Будва е местото кое голем број од младите во околинава го посетуваат. Убави плажи, многу млади и целодневни забави.

Copacabana, Rio de Janeiro, Brazil

Жените, плажите и ноќниот живот ќе ја направат Копакабана вашиот најдобар избор за каде да го поминете летото.

 

 

 

 

 

 




Коментари

коментари