Најдобро облечените жени никогаш не ги носат овие 5 парчиња облека!

Кога велиме елеганција и префинетост, прва асоцијација се секако Французинките. Нивниот феноменален стил се заснова на едноставноста и практичноста, но за добар изглед важно е и што одбивате да носите. Следните 5 парчиња облека никогаш нема да ги видите на Французинките.

1. Пуш-ап

За нив и малите гради се сензуални и преубави, па носат класични модели на градници или не носат воопшто. Французинките не гледаат убавина во масивните вештачки корпи.

2. Превисоки потпетици

Една Французинка никогаш нема да ја видите во обувки со превисоки потпетици во кои не може нормално да оди. За дневни варијанти бираат мокасинки и чевли со умерена пета, додека за вечерните пригоди се одлучуваат за класични салонки.

3. Истакнати брендови

Претерувањето во било што не е на нивната листа, освен на онаа која треба да се избегнува, па така нив нема да ги видите во парчиња облека на кои доминира името на брендот. Тие тоа го сметаат за невкусно.

4. Хулахопки месо боја

Илузијата на голи нозе за Французинките е нешто сосема несфатливо и непожелно.

5. Спортски стил во свечени пригоди

Трендот на носење тренерки со потпетици и патики на елегантни фустани, Французинките го оставаат за другите. Спортската облека ја носат во теретана, а фустаните ги комбинираат со дамски чевли.




Коментари

коментари