Најдобро стилизираните жени знаат: Овие 6 модни правила не смеете да ги прекршите

Од моментот кога ќе го изградите сопствениот стил, односно сфатите во кој смер сакате да одите кога е модата во прашање, сѐ станува полесно бидејќи веќе немате потреба да експериментирате или да се чувствувате непријатно во нешто што сте го купиле бидејќи некогаш било во тренд.

1. Долен веш кој се гледа

Тука не мислиме на романтичните градници со чипка кои суптилно се проѕираат низ кошулата, туку на отцртувањето на работ на гаќичките или делот од градникот каде што се закопчува.

2. Квантитет пред квалитет

Со тек на време ќе сфатите дека не се исплати да купувате облека само затоа што е на намалување. Инвестирајте во безвременски парчиња кои никогаш не излегуваат од мода и негувајте го својот стил на најдобар можен начин.

3. Премногу брендови одеднаш

Не сакате да изгледате како подвижна реклама. Бирајте парчиња облека со суптилни ознаки на брендот или ако сакате малку повидливи ознаки, одлучете се само за едно такво парче, а остатокот неутрализирајте го.

4. Претесна облека

Во неа ќе се види сѐ што не сакате да се види, а притоа ќе ви биде неудобна. Купувајте облека со својот вистински конфекциски број и прифатете го своето тело.

5. Хеланки наместо панталони

Кога ги комбинирате, на пример, со подолг и поширок џемпер, ќе изгледате модерно и шик. Меѓутоа, ако со хеланките облечете кратка и тесна маица, ќе изгледате вулгарно и непримерно.

6. Сјајни најлонки

Едноставно тие не им ласкаат на вашите нозе на било кој начин и притоа изгледаат лошо на фотографиите.




Коментари

коментари