Најголема трансформација во нејзината кариера: Моника Белучи ја скрати косата и изгледа сосема поинаку!

Моника Белучи се нашла пред објективот, а потоа и пред малите екрани уште на 20 години кога била студентка на Правниот факултет, а оттогаш е препознатлива по нејзиниот имиџ кој подразбира долга коса.

Целиот свој живот, откако и е позната на јавноста – што значи повеќе од три децении, Моника Белучи е препознатлива и по својата прекрасна, бујна, темна коса.

Менуваше нијанси, шишки, должина – но никогаш немаше кратка коса – се до пред некој ден.
Имено, актерката во текот на ревијата на Долче и Габана во Милано, за прв пат на јавноста и го претставила својот нов имиџ. Моника значително ја скрати својата коса и тоа на должина која може да се нарече и кратка.
Секако, и оваа фризура и прилега прекрасно на безвременската убавица.




Коментари

коментари