Најголемата лага во која веруваме е таа дека имаме време


Ничие време не е неограничено иако кога ќе помислиме на него пред нас се отвора една бесконечност која се чини како да никогаш нема да се потроши. Но секој ден како зрна песок тоа паѓа во амбисот на минатото се додека еден ден повеќе ќе го нема

Понекогаш се прашуваме зошто упорно ги оставаме некои нешта за некои подобри времиња. Зошто постојано одложуваме да се посветиме на себеси и на својот живот а притоа секогаш пронаоѓаме време за некои неважни нешта кои не ни носат никаков напредок и добивка. Зошто секогаш можеме да пронајдеме изговор зошто да издвоиме време за нешто кое не води кон никаква цел додека желбите и понатаму стојат и собираат прашина чекајќи го својот ред.

И така секојдневно се додека еден ден не погледнеме на сето тоа изгубено време со жалење. Кога веќе нема да имаме сила и можност за да можеме да го оствариме. Се што ќе остане ќе биде само горчлив вкус од сите неисполнети соништа.

Одложуваме да се занимаваме со нашата среќа, дозволуваме да ни се излизга низ прстите додека сме заглавени во проблемите кои мислиме дека ќе траат вечно. Одбиваме да ги отвориме очите и да ја согледаме вистината за некои луѓе кои напразно го трошат нашето време, го трошиме нашиот живот на нешта кои всушност не зависат од нас додека оние кои зависат стагнираат а со нив и ние и нашето секојдневие.

Ничие време не е неограничено иако кога ќе помислиме на него пред нас се отвора една бесконечност која се чини како да никогаш нема да се потроши. Но секој ден како зрна песок тоа паѓа во амбисот на минатото се додека еден ден повеќе ќе го нема. Не дозволувајте тој ден да пристигне и позади вас да постои само тоа – амбис на неостварени желби и соништа.
Започнете од сега, нека се брои секој ден!




Коментари

[fbcomments]