Категории

Најголемите битки не ги освојуваат најсилните воини, туку оние кои одбиваат да се предадат!

Да се држиш уште поцврсто за животот, за инает на сето она кое се труди да те откине.

Еднаш мораш да ставиш крај. Да престанеш да бидеш лут на себеси, да престанеш да бидеш тажен и да го давиш своето срце во солзи. Мораш да престанеш да се убиваш и да и се спротивставиш на тагата. Да бидеш за инает среќен, да не се плашиш да чувствуваш радост затоа што може да ти биде одземена. Дури и кога ќе има илјада причини за да замине, ти да бидеш толку тврдоглав што ќе пронајдеш илјада и една за да ја задржиш покрај себе.

Еднаш мораш да се вљубиш во себеси, за инает на сите оние срца кои те одбиле, за инает на сите оние нешта кои не ги сакаш кај себе.
Да бидеш горд на себеси и да бидеш задоволен со сето она кое го имаш иако можеби не е многу.

Да се држиш уште поцврсто за животот, за инает на сето она кое се труди да те откине.
Можеби тогаш сите тие болки ќе попуштат пред твојата цврстина.

Најголемите битки не ги освојуваат најсилните воини, туку оние кои одбиваат да се предадат!

Прегледи:
278
Објавено на:
01.07.2020