Најголемите животни лаги во кои морате да престанете да верувате

Тие само ви го отежнуваат животот

Сите понекогаш наидуваме на комплицирани животни ситуации, но се постои решение и лек.
Во животот се среќаваме со разноразни поставени идеи за тоа што е наводно исправно, а што не е. Некои нешта ги слушаме толку често што ги прифаќаме дека се вистина. Но некои од нив само не спречуваат да живееме пријатен и исполнет живот.
Отворете ги очите и дознајте кои се најголемите животни лаги во кои мораме да престанеме да веруваме.

1.Да се биде сам значи да се биде осамен
Да се биде сам не значи исто и да се биде осамен, како што и да се биде во врска не значи да се биде среќен. Кога е човек сам, никогаш нема да се чувствува толку осамено колку што може кога е покрај погрешна личност и во погрешна врска. Ако чувствувате дека нешто не е во ред, застанете и поминете некое време со најважната личност во вашиот живот – вие самите. Пронајдете се прво самите себеси, научете да ја цените сопствената вредност и ако се најдете во врска која ве влече на дното, ќе знаете кога е време да се вратите на сигурно.

2.Среќата доаѓа кога ќе го добиеш она што го сакаш
Да се биде среќен не значи да не сакаш повеќе ништо од животот. Тоа значи да сте благодарни на она што го имате и стрпливо да го чекате она што наскоро ќе дојде. Понекогаш толку се задлабочуваме обидувајќи се да постигнеме нешто големо и не успеваме да ги забележиме малите нешта кои животот ги прави магични. Затоа ценете го секој миг со полна плуќа. Сега ги живеете добрите стари времиња кои еден ден ќе ви недостигаат.

3.Болката е нешто кое мораш да го вкусиш
Никогаш не ја потценувајте ничија болка затоа што секој човек на светот се бори со нешто и има проблеми. Некои само подобро успеваат да го сокријат тоа од другите. Не знаете што се случува позади затворени врати. Осудувањето и пресудувањето на другите е непотребно трошење на време и енерфија. Ако имате време да ги осудувате другите луѓе значи дека имате премногу слободно време кое можете да го искористите да направите нешто корисно.

4.Животот треба да се живее на одреден начин
На крајот на краиштата, она што ве повредува се вашите сопствени мисли. Прифаќањето и преиспитувањето на сопствените чувства може да биде доста лековито. Секогаш имаме слобода на избор како ќе реагираме на тоа што ни го донесува животот. Ослободете се од претспоставките за тоа каков треба да биде животот и прифатете ја реалноста. променете го она само кое што момжете да го промените, не дозволувајте другите да влијаат врз вашите мисли. Бидете во мир со себеси.

5.Морате да се однесувате на одреден начин
Кога ќе престанете да се споредувате со другите верзии на себеси, правила или имагинации, и кога ќе престанете да се споредувате со другите луѓе, правила и имагинации тогаш ќе го искусите мирот кој е вистински а не имагинарен.

6.Само привилегираните можат да имаат прекрасен живот
Ако секое утро се будите и велите „Да, денес ќе биде прекрасен ден“, ако секое пладне наоѓате причина да кажете „Да, денес е прекрасен ден“, и секоја вечер наоѓате причина да кажете „Да, денес беше прекрасе ден“, тогаш еден ден ќе се завртите назад и ќе се насмеете на миговите и ќе кажете „Да, живеев прекрасен живот“.




Коментари

коментари