Категории

Најколоритниот град во светот се наоѓа во Колумбија и ќе ве маѓепса со неговата уникатност

Замислете да залутате во градче каде сите ѕидови, прозори, скалила, покриви се во светли, вибрантни бои, а има сите тие се исшарани со убави, детални, цртежи и мурали. Замислете да залутате во град кој е како од соништата. 

devnani_guatape1

Всушност таков град постои и го носи името Гуатапе, кој се наоѓа во областа Антиокиа во Колумбија. Фотографката Jessica Devnani го открила ова градче патувајќи низ Колумбија, а веднаш била маѓепсана од неговата колоритност, камените патишта и неверојатните погледи.

devnani_guatape4

Цртежите на ѕидовите имаат различни значења, некои се со историски мотиви, некои симболизираат бизниси, а некои изразуваат верувања, ја претставуваат културата и семејното наследство. Некои од нив постојат само за да го разубавуваат просторот, а фотографката раскажува дека овој град е абсолутно задоволство да го фотографираш.

devnani_guatape8

Ова градче е познато и по Ел Пенон, камен кој е извишен на 2.100 метри надморска височина, а тој е најголемата атракција во околината. Од врвот има поглед од 360 степени и те тера да ја цениш планетата Земја уште повеќе.

devnani_guatape2

devnani_guatape3
devnani_guatape5

devnani_guatape6

devnani_guatape7

devnani_guatape9

devnani_guatape10