Категории

Најкратката и најтажната приказна на светот: Има само шест збора, но ќе ви го скрши срцето!

Легендарниот Ернест Хемингвеј бил многу млад кога во текот на разговорот со колегите писатели,  многу повозрасни од него, одлучил да се пофали по секоја цена, па што сака нека биде.

Тогаш на неговите соговорници им рекол дека е во состојба да напише комплетна приказна во само шест збора.

Никој не му поверувал, сите го сфатиле тоа како обид и желба на младиот писател да се истакне меѓу колегите. Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да си поиграат со него, па се обложиле дека тоа е невозможно, а секој од нив вложил по десет долари како поткрепа за нивната убеденост.

Ернест зел салвета од масата и на неа напишал шест збора.

Не сакал да прочита на глас, туку му рекол на колегата до него да го направи тоа наместо него. Никој не го прочитал на глас, туку само меѓусебно си ја „додавале“ салфетката. По неколку минути му се извиниле на младиот колега, па едногласно изјавиле дека шест збора се повеќе од доволно за да се напише приказна. И тоа, добра приказна.

Јасно е дека една приказна може да содржи многу повеќе зборови, но можно е да се направи чудо и само со шест збора, и тоа беше поентата на облогот.

Еве ја приказната од шесте збора на Хемингвеј:

„На продажба. Чевличиња за бебе. Неносени“.

Прегледи:
339
Објавено на:
10.10.2016