Категории

Најлоши љубовни совети кои оние кои се сингл можат да ги добијат од паровите

Иако нивната намера е да помогнат, поедини совети можат да нанесат повеќе штета отколку корист.

Голем број луѓе се чини дека безуспешно со години наназад се обидуваат да ја пронајдат својата совршена половина. Ако на сето тоа ги додадеме и добронамерните но понекогаш вистински лоши совети од страна на пријателите или членовите на семејството кои се во врска или брак со години, нештата стануваат уште потешки и покомплицирани.
Иако нивната намера е да помогнат, поедини совети можат да нанесат повеќе штета отколку корист.

Ако моментално сте без партнер и се најдете во прилика да слушате добронамерни совети од паровите околу вас, може да ви биде од голема помош сознанието дека некои од дадените совети се контрадикторни, односно  би можеле едноставни да ги примите како некорисни.

Твојот совршен партнер е таму некаде
Пред се, не постои совршена личност, а со самото тоа нити совршен партнер. Секоја личност која ќе ја сретнете има свои маани и доблести, како и вас самите. Со тоа тежнеењето кон совршенство може да биде она што ве кочи да ја пронајдете личноста со која би можеле да поминете прекрасна иднина.

Преправај се дека си недостижна
Секако дека не треба се што имате да понудите да го поставите на тацна, но ако вие и вашата личност со која би сакале да имате љубовна врска играте игра – hard to get, на крајот од денот и двата ќе заминете дома со празни раце. Малку предизвик не е на одмет но ако постојано се преправате дека сте апсолутно недостижни, многу е веројатно дека личноста која ве интересира, својот интерес ќе го префрли на некој кој е подостапен.

Пронајде некој кој сака се што ти сака
Звучи идеално, затоа што тоа би значело дека секој слободен миг ќе го поминувате заедно, но дали е тоа реално? Врската не се состои од исти мислења и сфаќања, нити од идентични интереси. Клучот е во прифаќањето на различностите и разбирање помеѓу партнерите а не во изедначување на нештата кои ве интересираат.

Почекај тој да го направи првиот чекор
Да чекаш другата личност да направи прв чекор е рамно на чекање – до крајот на вечноста. Неверојатно е тоа колку пати се случува две личности после години и години чекање дргата да го направи првиот чекор и конечно да прозборат на дадена тема и да откријат дека цело време пропуштале нешто многу убаво. За првиот чекор е потребна храброст, а неа ја прати среќа.

Луѓето можат да се променат
Секако дека постои шанса луѓето да се променат во одредени случаи, но за тоа мора да постои силна волја и само-мотивација. Меѓутоа, одлуката за влегување во врска со некој со надеж дека еден ден ќе се промени само поради вас и вашата љубов, е луда идеа. Исто така чекањето на нечие менување за врската да успее е губење на време.

Прости и заборави
Се вели дека е човечки да се греши, а со самото тоа и да се простува. Но тоа не значи дека секој престап треба да го простувате и заборавате. Никој освен вас самите не може да ја одредува границата до каде треба да простувате. Освен тоа, заборавањето значи дека постои можност за повторно поминување низ иста ситуација. Да се прости е едно а да се заборави е сосема друго.

Времето ги лечи раните
Вистина е дека со тек на време некои нешта стануваат поразумни и поприфатливи. Но дека времето вистински ги лечи раните, не би бил толкав пример тоа кога некои стари особи тагуваат по изгубената љубов од младоста. Иако е овој совет полн со надеж за особата да почне да се чувствува подобо, всушност би било многу покорисно да се каже – дозволи си на себеси да тагуваш колку што ти е потребно.