Категории

Некогаш и најлудата идеја може да резултира со неочекуван позитивен фидбек – Ана Ристевска

Пред четири дена Ана Ристевска беше девојката која реши да најде работа на еден “невообичаен начин ”  но, откако нејзиниот фејзбук статус на кој зборува за нејзиното работно искуство, трудољубивоста и потреба од работа  беше споделен повеќе од 470 пати и доби над 200 коментар, Ана одлучи да сподели што научи од тоа нејзино искуство и што навистина е битно кога сме во потрага по работа.

По ден исполнет со безброј нотификации и известувања од личности кои беа подготвени да и дадат совет поддршка и со неа да споделат нова можност за вработување, еве што сподели Ана на нејзиниот фејзбук профил:

Што научив периодов, после статус кој стана вирален со 472 споделувања, повеќе од 1000 реакции и околу 200 коментари (само преку мојот профил):

1. Некогаш и најлудата идеја може да резултира со неочекуван позитивен фидбек.

– Една драга личност ми има кажано дека ако нешто ја плаши, тоа и е доволен знак дека истото Мора да го направи. Излегувањето од комфор зоната не е лесно, но и те како е задолжително. Најчесто нема што да загубите.

2.Традиционалниот начин на регрутирање можеби треба да се смени/надополни.

– Изминатиов период испратив околу 30на мејлови со моето CV, голем дел од нив на компании кои немаа отворени работни позиции. Од тие за разлика од другите, имав брз и позитивен одговор дека го ценат мојот пристап и дека ќе ме внесат во нивниот систем за понатамошни регрутирања. Останатите речиси и да не ме исконтактираа воопшто (со исклучок на една компанија која ме побара после 3 месеци од објавувањето на нивниот оглас, ми закажаа термин да ме исконтактираат и никогаш повторно не ми се јавија).

3. Формален мејл со CV не е секогаш доволно.

– Вие ќе го испратите вашето CV некому, но истото ќе го направат уште стотина други. Мора да најдете начин како да се истакнете измеѓу сите нив. Што е тоа по кое сте поинакви од другите? Дизајнот на вашето CV, пристапот кон работодавачите, вештините кои ги внесувате во него и сл. може да ви послужат како добар пример каде да ја изразите својата автентичност.

4. Дали задолжителното искуство од неколку години навистина е толку битно?

– Зависи од многу работи и секако дека има исклучоци, меѓутоа генерално не би требало да биде. Сите мораме да почнеме од некаде и на оние со 10 години искуство, некој им дал шанса своевремено да се докажат. Она што е битно е колку личноста е спремна за учење и колку некој ќе се посвети тоа знаење правилно да го пренесе. Барем за почеток, добро е сите што ќе испратат CV да бидат исконтактирани за интервју во живо, затоа што тогаш најубаво и од прва рака ќе се осети енергијата, харизмата и мотивираноста на тој работник. Од лично искуство сум сретнала луѓе со повеќегодишно искуство кои немаат повеќе мотивација во себе и престанале да се надоградуваат со знаење и следствено истото не можат да го пренесат никому и обратно, луѓе без никакво искуство но со огромна жед за знаење и успех и брзи резултати. Формално, според CV-то на првите, сигурно ќе бидат повикани на интервју, додека вторите ретко некој ќе се осуди да им даде шанса.

5. Формалното образование е преценето.

– Секако дека постојат безброј исклучоци и струки за кои формалното образование е преседан, но, треба реално да се соочиме со фактот дека истото од ден на ден станува се по outdated. Не е подложно на брзи и лесни промени, не може лесно да се приспособи на новите трендови, ниту да држи чекор со нив. Технологијата се менува со драстично брзи чекори, а ние ниту можеме да ја донесеме таа технологија кај нас, ниту да ги обучиме нашите наставни кадри за користење на истата. Да, диплома од факултет за Маркетинг или Social Media немам, но и те како секојдневно сум вклучена во сето тоа, континуирано пратејќи ги сите (дигитал) маркетинг трендови, размислувајќи за фидбекот што се добива од нив и анализирајќи како јас би постапила во дадени ситуации, притоа обидувајќи да се надоградам преку разни блогови, курсеви, вебинари и сл. Што вреди повеќе тука, дипломата или се останато?

6. Community и Networking.

– Живееме во брзо време и во дигитална ера како никогаш претходно. Сите сме меѓусебно поврзани без разлика дали сме свесни за тоа или не. Еден контакт твој може да те однесе до други 10. Треба да си изградиме community за кое ќе се грижиме и истото ќе се грижи и за нас. Да почнеме да гледаме подалеку од само својот нос и да пружаме helping hand секаде каде што е потребно.

7. Искреноста е долгорочно најбитна.

– Она кое го правите, пишувате, чувствувате искрено и со љубов, секогаш ќе се препознае меѓу сите направени работи кои се генерички. Можеби не веднаш, но квалитетот секогаш ќе се препознава и ќе опстои on a long run. Тоа е тајната состојка. 😉

Како и секогаш, thank you for coming to my TED Talk.

Постојат многу среќни искуства околу нас, кои вреди да ги споделиме.
Линк до нејзиниот профил каде што може да прочитате повеќе.